miercuri, 31 octombrie 2012

„За Македонцките работи„

Во далечната 1903 година Крсте Петков Мисирков ја објавува книгата „За македонцките работи„. Анализирајки ја положбата на македонскиот народ, од политичка гледна точка,  го свртува вниманието кон тенденциозната асимилирачка политика на соседните земји против македонскиот народ но воедно и против македонскиот јазичен, културен и етнички идентитет.

Наредната година се обележуваат 110 години од објaвувањето на оваа книга. Под една ретроспектива анализирајки ја оваа книга би рекол дека и денес оваа тема е од актуелно значење.

Како граѓанин на Република Македонија кој живее и работи (Букурешт, Романија) надвор од границите на републиката, оваа тема е дотолку повеке од клучно значење.
За сегашната ситуација на македонското малцинство во Романија не може да се каже дека е загрижувачка, но од гледна точка на афирмирањето на македонскиот јазик, култура и етнички идентитет не е ни задоволувачка, . Дел од вината имаме и ние „задгранични македонци„ било тоа да се студенти, привремени работници, деловни работници, и.т.н. кои пребиваат, активираат или живеат и работат во Романија (како што е мојот случај) преку својата пасивност. Се разбира дека постојат и исклучоци (Филип Ристовски, Марјан Михаилов, Александар Костов и др.) но нивниот број е многу мал.

Во Романија постои и функционира „Асоцијација на Македонците од Романија„. http://www.asociatia-macedonenilor.ro/
Нејзината активност до пред 2 години беше застапена преку Лиана Думитреску. Млада, способна, активна девојка, која за жал веке не е меѓу нас.

Оваа година на 9 декември ке има парламентарни избори каде што за македонското малцинство е предложен како кандидат на „Асоцијација на Македонците од Романија„ - господинот Jонел Станку (Ionel Stancu) . Comunicat nr.10 BEC alegeri parlamentare 2012.pdf ; Decizie nr 24 BEC alegeri parlamentare 2012
Лично не го познавам господинот Станку но се надевам, доклку биде изгласан, дека со чест ке ги застапува интересите на македонското малцинство како што тоа го правеше Лиана Думитреску.
Оваа кандидатура за мене е донекаде изненадувачка, знаејки дека во редовите на асоциајацијата имаме еден млад способен македонец Марјан Михаилов. Досега во многу ситуации несебично и совесно и се посветуваше на активностите „Асоцијација на Македонците од Романија„ (Како што и сама нагласи пред почетокот на воведниот говор на госпоѓата Константина Думитреску - Constantina Dumitrescu - по повод врачувањето пост мортем на орденот за заслуги на Република Македонија на Лиана Думитреску).
Веројатно госпоѓата Константина Думитреску има своја визија и мотив за една оваква одлука. Но кои да се мотивите, отсуството на било каков комуникат или обајвување на последните новости во активностите на  „Асоцијација на Македонците од Романија„ односитено на оваа кандидатура, остава простор за спекулација која не е пожелна во оој момент.

Затоа упатувам јавен повик до сите македонци во Романија да бидат поактивни во промоцијата и сочувувањето на македонските културни вредности и преку своите активности да не оставаат простор за манипулирање во еден оваков значаен момент.