vineri, 23 martie 2012

Солидарност

Кога станува збор за солидарност имам впецаток дека сите го разбираат тој збор но од теоретска гледна точка. Практично, последниот настан со мојот пријател и другар од школски денови Тодор саздов, се докажа непознат збор. Имено во послдните неколку месеци се обидовме, ние неколку другари, да направиме лоби поактивно за потребата на нашиот другар „Сазда„ да преброди една комплицирана ситуација а во врска со неговото здравје, полесно. Се разбира финансиска помош е најдобро решение во овој случај. 90% од контактираните познаници и пријатели ја имаа онаа позната реакција „Ааа да, секако, што можеме ќе направиме, бла бла бла итн.„ Е од сето тоа ништо. Размислувам и се прашувам сите тие „пријатели„ колку ситуации имаат во текот на една година каде што непотребно трошат безначајни суми? Зарем навистина неможеа да направат еден мал напор? Се разбира дека да. Но нивно право нивна одлука. На романски има една изрека „Алтуја ну и фаче че ције нуц плаче„ - во превод „Она што тебе не ти се допаѓа на друг не му го прави„ Е кога истите тие луге ќе бидат во ситуација да имаат портеба од помош убеден сум дека ќе осудуваат се околу нив затоа што не им се помага. Но надвор од сето тоа се прашувам: Ќе помогнете ли финансиски или не драги пријатели ?